Wednesday, June 3, 2009

ПОМОГНЕТЕ МУ НА БЕБЕТО МАТЕЈ !!!


Поздрав до сите читатели на овој блог! Сакаме да ве информираме дека се организира хуманитарна забава, се со цел да му се помогне на едномесечното бебе Матеј Кузмановски кој е роден со срцева мана и му е потребна итна операција во Софија, Бугарија. По тој повод Urban Beat Radio организира хумантирна забава со цел да се соберат средства за помош на бебето Матеј. Сите хумани луѓе се добродојени во Club "F People"(Ex Cabare) стара железничка,во петок со почеток во 21.00 часот. Со мала донација од 50 денари за влез вие подарувате живот кој штотуку почна, затоа овозможете му на Матеј да ги види сите убавини во животот!!!